Полицијата во Алабама ги повикува луѓето да не следат предизвик што кружи на TikTok. За половина година, најмалку четири лица загинаа во Америка за кои се знае дека се обиделе на луд и крајно опасен предизвик.
Снимени се како скокаат од брз глисер, некои дури прават салто и си го кршат вратот и се дават.
– Имавме четири смртни случаи од давење и сите тие го правеа предизвикот од TikTok – изјави шефот на спасувачкиот тим Џим Денис од Чилдерсбург, Алабама, пишува NY Post.
Спасувачите изминативе две години имаа проблеми со овој тренд, а минатиот месец повторно се прошири на социјалните мрежи. Првата жртва ја имаа во февруари.
„Не вреди по цена за твојот живот“
Тој почина изведувајќи смртоносен предизвик пред очите на сопругата и децата.
– Во глисерот биле неговата сопруга и децата. Неговата сопруга ја снимила неговата смрт – рекол спасувачот и додал:
– Луѓето прават глупави работи кога ги снимаат затоа што сакаат да се покажат. Поради спојот на екстремно големата брзина на глисерот и водата се чувствувате како да скокате по асфалт. Не правете го тоа, не вреди по цена за твојот живот.