Сакис Рувас и Катја Зигули се заедно дваесет години, а двајцата често ја изразуваат својата љубов во јавноста.
Таков беше случајот и синоќа, кога пејачот преку својот Инстаграм профил објави видео со нив двајца.
Снимката е од емотивен момент меѓу нив, на концерт на Сакис Рувас. Тој го прекинува текот на музичката програма на неколку секунди, за да оди таму каде што седела неговата сопруга.
Тој истрча до неа да ја бакне во уста. Некој го овековечил моментот со својот мобилен телефон, а пејачот го прикачил клипот на Инстаграм за да ѝ го посвети на Катја Зигулис.
„Мојата сила“ напиша Сакис Рувас во описот на својата објава.