Македонските возачи ги рушат црните рекорди на патиштата низ државата.
Деновиве радарите на сообраќајната полиција на автопат регистрирале брзина од 320 километри на час, а исто така, надминат е рекордот кај оние кои седнуваат пијани зад волан, па кај возач измерени се 3,74 промили алкохол, објави телевиизја Телма.
Вчера претпладне во акција на полицијата на цела територија на државата, регистрирани се 400 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, а дури 230 возачи биле во алкохолизирана состојба, од нив 30 во Битола.
Нема старосна граница во овие прекршоци. Фрапантни се и бројките на затекнати возачи кои управуваат без возачка дозвола, најмногу млади лица, велат од полицијата.