Некои хороскопски знаци секогаш го кажуваат вистинското нешто и знаат како да ја стекнат туѓата доверба. Во повеќето случаи, тие имаат најдобри намери, но постојат и токсични луѓе кои бесрамно ги злоупотребуваат овие таленти. Кои хороскопски знаци се најголеми манипулатори?
Близнаци – Близнаците се друштвени луѓе кои секогаш ги избираат вистинските зборови. Тие знаат како да ве натераат да поверувате дека се многу интелигентни и забавни. Во повеќето случаи, Близнаците ја користат оваа „моќ“ за добро, како на пример, за да се зближат со некого. Но, токсичните Близнаци без двоумење го користат овој талент за манипулирање. Тие знаат што да кажат во виситнскиот миг за да ве натераат да мислите дека ви се пријатели. Можат да бидат мошне подмолни, па околу нив треба да бидете внимателни, особено ако ви кажуваат нешто што звучи премногу добро за да биде вистинито.
Лав – Лавовите се родени лидери, па лесно преземаат контрола над секоја ситуација. Тие можат да ја водат секоја група луѓе и имаат карактеристики што ги прават да изгледаат како личност на којашто може да ѝ се верува. Иако повеќето Лавови се лојални како што изгледаат, постојат и оние кои ја злоупотребуваат моќта што ја имаат над другите. Лавовите многу добро можат да ги читаат другите, па знаат што точно треба да кажат за да ве натераат да им верувате. Лавовите многу лесно можат да го добијат она што сакаат од вас, па бидете внимателни околу нив.
Скорпија – Во повеќето случаи, Скорпиите не споделуваат ништо за себе, но многу добро знаат да ги наведат другите да ги кажат и своите најдлабоки тајни. Скорпиите секогаш ги помнат овие детали, во повеќето случаи бидејќи вистински се грижат за другите. Но сепак, токсичните Скорпии без двоумење го користат ова знаење за да манипулираат. Тие безмилосно ќе ве уценуваат и на крај ќе немате избор освен да го направите она што сакаат. Па, кога разговарате со Скорпија која не ја познавате добро, воздржете се од споделување на вашите најдлабоки тајни.
Јарец – Јарците се логичари и секогаш можат мошне добро да ги објаснат нивните постапки и да ве натераат да мислите дека се разумни. Лесно е да ве убедат во што било, бидејќи сè што кажуваат звучи паметно и има смисла. Всушност, Јарците секогаш делуваат како најинтелигентната личност во просторијата. Токсичните Јарци се свесни за ова, па го користат за да манипулираат. А, другите никогаш нема ни да сфатат дека всушност биле манипулирани од нив. Јарците можат да го убедат секого дека му се најдобар пријател, дури и кога го мразат.