Ноќта зад нас на Канскиот филмски фестивал беше многу интересна. Дамите повторно дадоа се од себе да ги импресионираат модните експерти, а најголемо внимание сепак привлече вереничката на Кристијано Роналдо, Георгина. Сепак, причината воопшто не е убава.
Имено, познавачите на модата едногласно се согласија дека ова е еден од најголемите модни неуспеси на овогодинешниот фестивал.
Иако беше на мета на критики, Георгина гордо позираше во кафеав фустан кој ги истакнуваше нејзините облини. Кожни детали, длабок шлиц и дијамантски накит, ништо од тоа не беше доволно за да остави добар впечаток ниту овој пат.
„Бојата и кројот се целосно неуспешни. Јас и препорачувам следниот пат да се консултира со стилистите“…
„Оваа жена не знае што е добар стил“, се само некои од коментарите што можеа да се слушнат.