Ракометната федерација на Македонија ќе поднесе официјална жалба во врска со судењето на вечерашниот натпревар против Холандија.

Оваа информација ја сподели генералниот секретар, Филип Милошевски.

– До сега ретко сме се жалеле (можеби 2 пати до сега), ама ова беше под секое спортско достоинство, пишува тој на социјалните мрежи.

Наредниот натпревар на нашата репрезентација ќе биде против Гвинеја, во недела во 18 часот. Ова е последен меч од првата фаза.

Loading...

Loading...