За разлика од натпреварите во Скандинавија, каде има повеќе исполнетост и гледачи, натпреварите од главната фаза во Вараждин почнаа пред полупразни трибини, без забавата на „Фалангата“ минатата недела и песната во текот на шеесетте минути.

Натпреварот Македонија – Австрија се играше исклучиво пред македонски навивачи и по некој Хрват. Селекторот на Катар, а некогаш и предводник на македонската репрезентација, Веселин Вујовиќ, кратко го коментираше егзодусот на ракометни навивачи неделава.

„Одамна изјавив дека во светот на спортот и бизнисот важни се три работи – пари, пари и само пари. Додека тоа е приоритет никому не му е грижа како им е на екипите, каде се сметени, колку треба да патуваат, како е на трибините…

Но, кога и јас да коментирам на овие теми, тие ќе ме „удрат“ со казна од 5.000 евра и не би коментирал повеќе“, рече Вујовиќ.

Со исклучок на една мала група на македонски, унгарски и холандски навивачи, натпреварите во Вараждин се играат пред скромно исполнети трибини.