Манекенката Данијела Димитровска и нејзиниот вереник Јеврем Косниќ купиле стан од 500.000 евра во Црна Гора.
Имено, Данијела Димитровска речиси целото лето го поминала во Црна Гора, а како што самата признала, сега е ангажирана со уредување на својот луксузен имот.
– Моментално сме зафатени со опремување на станот. Секако, и самите знаете, ништо никогаш не оди точно по план, но тоа е слатка мака. Ми се допаѓа дизајнот на ентериер, ме опушта, а доколку имав повеќе време, тоа сигурно ќе ми беше хоби, рече таа.
Вереникот на Данијела Димитровска, Јеврем, веќе некое време гради паметни станбени згради недалеку од Тиват.
– Јеврем е роден во Швајцарија и во минатото играл фудбал. На крајот од кариерата, се свртел кон приватниот бизнис и тргнал по стапките на својот татко, кој со децении гради и продава станбени згради низ целиот регион. Новата зграда во Луштица не е голема, има само седум станови, но изгледа врвно. Направена е на модерен и квалитетен начин од темел. Нивниот стан е еден од најубавите и вреди околу 500.000 евра – открил изворот и додал дека станот гледа директно кон морето.
– Цените се смешни, ниеден стан не е под 300.000 евра, но навистина вреди. Секој има директен поглед на море, климатизација, приватно паркинг место, а сите инсталации во станот се контролирани со паметни картички. Затоа не е изненадувачки што достигнува таква цена.

