За жал почина татко ми, Бог да го прости. Последните неколку дена цело време прашуваше Дарко кога ќе дојде, Дарко кога ќе дојде. Во неделата дојдов вечерта, во понеделникот он веќе почина, вели пејачот Дарко Илиевски во изјава за Backstage.
– Кога се видовме веќе беше во така тешка ситуација. Успеа и да ме препознае и ете да кажеме дека се простивме што се вика, вели Илиевски.
Илиевски веќе седум години живее и работи во Америка, на Флорида. Тој откако се ожени, го напушти светот на музиката и замина далеку од дома за подобар живот.

