По долги години врска, која се трудеше да ја чува подалеку од очите на јавноста, пејачката Дани Димитровска се омажи со Горан Веселиновски – Весел.
Дани Димитровска вчера (10.09) му кажа „ДА“ на својот сакан Горан Веселиновски – Весел.
Парот направи интимна венчавка, а Дани блеска покрај својот сопруг, синот Лазар и ќерката на Горан од првиот брак.
Таа на Инстаграм Стори објави две фотографии од венчавката – на едната со децата, а на другата сама покрај некогашниот кошаркар.
Невестата избра бели панталони во комбинација со бела ролка без ракави и со карнери, додека Горан е во бела кошула.

Ова е втор брак за Дани, која првиот пат се омажи на 20 години, а потоа на 21 го доби синот Лазар.

Нејзиниот сопруг, Горан, пак, е поранешен кошаркар, а сега директор на КК „Работнички“.

