Откако го прележа коронавирусот, ТВ водителката на Канал 5, атрактивната Милена Антовска Станковска објави дека повторно е бремена. Имено, Милена и нејзиниот сопруг Гордан Станковски повторно ќе станат родители, а нивната ќеркичка Лана Марија ќе добие помлада сестричка, зашто водителката и овој пат носи девојче.
Во моментов Милена со семејството е на годишен одмор во Турција, каде сите заеднно одмораат и уживаат во последните летни денови за оваа година, морето, песокот, сончевите зраци и сета останата магија на летото во познатото одморалиште во Анталија.
Времето поминато на одмор со семејството, особено додека децата се малечки е време вложено во незаборавни спомени, па затоа Милена додека уживаше и ги полнеше батериите реши моментите на семејна среќа да ги овековечи за трајно сеќавање.
Но додека таа го сликаше песочниот морски брег, песокот, плажата, морето… ќеркичката и сопругот и приредија иненадување… И тоа за будење…!
Имено, Милена како што е редот додека лежеше сончајќи се на плажата крај песочниот брег заспа. И додека заспаната бремена убавица сонуваше слатки летни сништа, нејзините најмили, ќеркичката и сопругот јсе погрижија нивната „кралица“ да се разбуди со емотивно-љубовна порака… Онаква, каква што само оние што вистински те сакаат можат да ја искажат… Овој пат испишана со големи букви на песокот покрај неа со зборовите: „Те сакам, мама“!
Откако се разбуди овекувековечувањето на емотивниот момент со фотографија за вечен спомен и сеќавање беше неизбежен.
Како што веројатно беше неизбежно и трудничкото селфи на бремената водителка, која се соблече, па го покажа нараснатото трудничко стомаче.
Мора да признаете дека Милена која е во 5-тиот месец или поточно, во 19-тата недела од бременоста изгледа не само одлично, туку и многу привлечно.
Уште побујна заради бременоста, а доволно стројна иако трудна, Милена е навистина пририродно ретко убава и секси трудница… Како убавица од некоја најгледана турска сапуница!