Останува мистерија дали бакнежот се случил случајно. На натпреварот од турското женско одбојкарско првенство во борбата за третото место, помеѓу Вакифбанк и тимот на Турк Хава Џолари, беше видена сцена која ги разбранува социјалните мрежи.
Имено, се бакнаа две одбојакрки на Вакифбанк – Чансу Озбај и Али Франати. Во еден момент кога одбојкарките на Вакифбанк славеле бод, Али Франати ја зграпчила соиграчката за лицето и во таа прилика ја бакнала.
Дали бакнежот бил случаен ќе остане мистерија, но и двете изгледаа изненадени откако се бакнаа и се однесуваа како случајно да се бакнале.
На крајот Вакифбанк победи со 2:0 во серијата во борбата за третото место во турскиот шампионат.