Меѓу патниците кои се враќале од летниот одмор била и русокоса девојка која се симнала од авион во бикини со маска на лицето. Ја помина пасошката контрола, прошета низ аеродромот и го продолжи својот пат.
Сепак, никој не ја пропушти оваа сцена на аеродромот во Америка. Како што се пошегуваа на социјалните мрежи: „Кога немате време да се облечете бидејќи попладневната забава на базенот беше во 16 часот, а авионот во 17 часот“.
Иако постои кодекс на однесување и облекување во авионот, Њујорк пост кој ја објави приказната за девојчето, не можеше да потврди дали се качила во авион во бикини без проблеми, и ако е така, зошто никој не реагирал.
Како и да е, можеби влегла во бикини, но се заштити со маска и следеше барем еден протокол.