Манекенката Јована Ѓорѓевиќ, сопруга на фудбалерот Филип Ѓорѓевиќ, своевремено сподели непристојни пораки кои ги добила од непознат маж од Црна Гора.
– Многу ми се допаѓаш. Би дал 500 евра за еден час со тебе. Јави се ако бидеш во Подгорица, пишувало во пораката.
– Еден час вика, напиша Јована и со својот одговор насмеа многумина на Твитер. Таа објави скриншот од пораката и додаде:
– Не знам што мислеше ова момче, но никако не можам да направам нешто такво. Ја објавив неговата понуда на Интернет за да го споделам моето незадоволство, додаде Јована пред две години кога се случи оваа непријатност, а јавноста со денови бруеше за нејзиниот потег.
Неодамна се породи
Манекенката Јована Ѓорѓевиќ, сопруга на фудбалерот Филип Ѓорѓевиќ, неодамна роди момче.
Јована Ѓорѓевиќ гордо ја носи титулата на една од најубавите манекенки, а многу е активна на социјалните мрежи каде ја следат над 270.000 луѓе.
За потсетување, брачниот пар има две деца, а пред неколку дена добија и трет наследник.