Милица Тодоровиќ е една од оние јавни личности која има различни физички трансформации. Додека беше тинејџерка, па дури и малку подоцна, таа имаше одлична фигура, а папараците кои ја „фатија“ на плажите не можеа да најдат никакви забелешки за неа.

Сепак, без разлика дали возраста, стресот, љубовните јадови или комбинацијата од тоа, ја наведоа Милица да варира во тежина.

Додека беше во врска со актерот Петар Стругар, видливо доби повеќе килограми, но велеше дека не и пречи. Сепак, како што обично се случува кога врската е раскината, Милица преврте нов лист, кој може да се види на нејзината фигура.

Во текот на вонредната состојба и карантинот, Милица цврсто одлучи да го врати во форма своето тело, па ова лето го дочекува подготвена повеќе од било кога. Успеа да изгуби дури 15 килограми, а еве и како успеала во тоа.

-Како и повеќето нејзини колеги, исто и Милица се опушти за време на карантинот, не се движеше, уживаше во својот дом, гледаше филмови и јадеше. Вишокот на кјилограми во таа ситуација е сосема очекувана појава. Меѓутоа, реши летото да не го доќека како буцка туку да се доведе до совршенство, и тоа и успеа, вели за српските медиуми извор близок до пејачката.

Како што се наведува понатаму, пејачката веќе 4 месеци е на специјален режим на исхрана. Ја намалила количината на храна која ја конзумира, но го зголемила бројот на дневни оброци. Заедно со тоа редовно и напорно тренира, нешто што нејзините следбеници можат често да го видат на социјалните мрежи.

Со желба да им помогне и на другите да се ослободат од вишокот килограми, пејачката открива како и тргнало од рака да се реши од вишокот на килограми.

-Сите знаеме како се намалуваат килограми, но тоа воглавно не го применуваме. Уживам во храната и многу сакам да јадам. И кога се здебелив, тие неколку килограми плус ми сметаа. Не се доживував себеси како буцка. Сепак, бев свесна дека тоа што го правам не е добро за здравјето, посебно што на моето мени воглавно имаше пржено, мрсно и благо јадење… Тоа со годините се собира, го успорува метаболизмот и може да предизвика разни болести, изјави Милица Тодоровиќ неодамна во интервју за „Хит и откри како ослабела.

– Најмногу ослабев во текот на самоизлоацијата. Имав време детално да се посветам на правилната исхрана, изјави Тодоровиќ и истакна дека сега не може да замисли да изеде нешто што порано редовно го конзумирала.