Дваесет и четиригодишната Иркиња од Шкотска Ефи Малоун во 2015-та година во Единбург го запознала 94 годишниот дедо Томи и како што самата вели, тоа било љубов на прв поглед.

По запознавањето, спонтаната комуникација помеѓу Ефи и Томи набрзо прераснала во вистинско пријателство и таа го поканила на пијачка. Така оваа симпатична двојка од Белфаст наредните години го зацврстувала пријателството, се додека нивниот однос значајно не се унапредил кон крајот на минатата година.

-На Томи му почина сопругата и беше силно потресен и тажен. Речиси целиот живот го поминал со неа. Бев тука за него. Со денови не се одвојуваше од мене. Почнавме да се зближуваме и помеѓу нас се роди права, чиста, „човечка“ љубов помеѓу две лица. Без телесен контакт, бакнежи, секс,- само љубов и меѓусебно разбирање. Многу научив покрај ТОми. Да возам, да готвам, да ги слушам соговорниците кога зборуваат, се гордее Ефи, пренесува Дејл рекорд.

На почетокот од оваа година, таа и официјално се преселила во Единбург и изнајмиле стан.

-Ме прашуваа каков е, а јас пред нив одговарав: Луда сум по него, го обожавам, посебно кога ќе ме допре, а во кревет е вистинско животно“. Тогаш сите се смеевме, па и Томи. Не можам да опишам колку е посебен нашиот однос. Тој ми вели дека денеска, после смртта на сопругата не би бил жив ако ме нема мене. Дури 70 години е постар од мене, преживеал многу од тоа што се надевам дека јас нема. Некогаш бил и професор. Признавам дека сум заљубена во Тони, тоа е платонска љубов. Би дала се да поживее барем уште 20 години, вели Ефи Малоун.