Гитаристот на британскиот рок бенд Dire Straits, Џек Сони, почина на 68-годишна возраст, објавија британските медиуми.

Веста за смртта на музичарот ја објави бендот Dire Straits на социјалните мрежи, но не ја прецизираа причината за неговата смрт.

Но, пред два дена на социјалните мрежи се појавија гласини дека Џек Сони има сериозни здравствени проблеми.

„Џек Сони нема да може да учествува на нашите следни концерти поради здравствени проблеми. Оздрави брзо Џек, те чекаме. Со љубов, семејството DSL“, напишаа на социјалните мрежи поранешните членови на бендот Dire Straits.

Сони, е роден во американската држава Пенсилванија, работеше во познатата њујоршка продавница за гитари „Rudi’s Music Stop“ во 1970-тите. Токму на тоа место ги запознал ко-основачите на бендот Dire Straits, Дејвид и Марк Нопфлер, пишува Daily Mail.

Сони беше познат како „втор гитарист“ за време на еден од најпознатите периоди во кариерата на Dire Straits, за време на петтиот студиски албум „Brothers in Arms“, кој беше објавен во 1985 година.

Сони настапи и на еден од најголемите хуманитарни концерти во музичката историја – Live Aid на Вембли.

По напуштањето на Dire Straits, тој продолжил повремено да свири за различни бендови, а откако станал татко, се посветил на семејството.