Претставничката на Албанија Анџелија Перистери со својот соработник излегла пред новинарите и го покажала симболот на Голема Албанија т.н. „двоглав орел“.

Евровизија начелно забранува политичка промоција на својата манифестација, па веќе наголемо кружи веста дека заради овој свој гест Перистери може да биде санционирана.

Инаку, не и е прв пат во јавноста да го покажува овој знак, иста фотографија објави и пред една недела.