Популарната сараевска инфлуенсерка Хана Хаџиавдагиќ Табаковиќ се пофали дека летува на хрватското приморје и притоа следбениците на Инстаграм ги почести со фотографии на кои е во костими за капење.
Но, сега отиде чекор понатаму и објави фотографија на која позира на брод без горниот дел од градникот, а ни долниот дел не покрива многу.
„Зборовите се излишни, омажи се за мене“, ѝ напиша меѓу првите Стјепан Урса, кој на пошироката јавност и е познат како бодибилдер и инфлуенсер.
„Хана гори“, „Премногу добра“, „Совршена си“, се дел од многуте комплименти што ги доби.
Хана е една од најпопуларните инфлуенсери од нашите простори и има речиси 700.000 следбеници на Инстаграм, со кои споделува моменти од секојдневието, како и нејзините предизвикувачки фотографии.
Таа е среќно мажена за Тарик Табаковиќ со кој често патува низ светот, а моменти од нивните патувања ги снима и на социјалните мрежи.