Откако тиктокерката го објави ова видео, настана вистинска лудост за фустанот од Зара…

Некако имаме чувство дека овој фустан од Зара брзо ќе исчезне од полиците ширум светот откако една тиктокерка покажа како и го „зголемил“ деколтето…

Видеото на Британката Синед Бидлкомб стана вирално, а во него таа покажува како едноставен бел фустан од Зара, кој чини 29,95 евра, визуелно и ги зголемил градите.

„МОРА да го имате овој фустан од Зара“, напиша таа на TikTok и објасни зошто. „Навистина не сум благословена во пределот на градите, но овој фустан од Зара тотално ме збуни. Изгледа како да сум преминала од Б кон Ц. Овој фустан убива“, додала таа.

Сосема очекувано, фустанот веднаш се распродаде, а во моментов не може да се најде ниту на веб-страницата на хрватската Зара.

View this post on Instagram

A post shared by Sinead Biddlecombe (@sineadbiddlecombe)