Времето лета и побрзо од што мислиме или го чувствуваме, зарем не?

Како вчера да беше, а веќе десет години летнаа од првиот и последен македонски идол. Многу таленти и двојно повеќе анти таленти го одбележаа тоа музичко натпреварување.

И ден денес на тие моменти можеме да се присетиме особено на оние ликови кои достигнаа поголема популарност отколку самите финалисти.

Елена Станојковска, велешанка по потекло нема кој не ја запозна од тоа шоу. Се натпреваруваше со песни од сограѓанката Ноне, но ни приближно ист глас имаа и вокални способности.

Еве како изгледа денес оваа девојка: