Стариот хит „Заради една црна жена“ неодамна бил прогасен за едена од најубавите балади, а зад оваа песна се крие една романтична приказна.

Пејачот Кичо Слабинац кој ја отпеал оваа нумера, ја напишал на авионски лет од САД до Загреб. Хитот настанал далечната 1972 годин, а тој бил на турнеа во САД каде всушност ја запознал таа „убава црна жена“.

Тој морал многу брзо да се врати на Балканот, па следел тежок период во кој таа му недостасувала.

Станува збор за Мирјана Антоновиќ која пред околу 4 децении живеела во САД, каде се преселила од родниот Белград, а таа не криела и потврдила за српските медимуми дека песната била напишана за неа.