За многу луѓе на Балканот, Швајцарија претставува синоним за богат и комфорен живот, а кога ќе видите како живеат децата на богатите луѓе, можеби тоа и вие ќе го помислите.
Нивниот комфорен живот на висока нога, јасно може да се види на фотографии кои се објавени на Инстаграм профилот „Богатите деца од Швајцарија“.
И тие, како и нивните врсници од другите земји во светот, се фалат со своите раскошни станови, автомобили, гардероба и патувања на социјалните мрежи.
Исто така, често престојуваат на луксузни дестинации, до кои се доаѓа со приватни авиони и хеликоптери. Често одат во шопинг и не им е проблем да потрошат огромни количини пари.
Не заостануваат и фотографии од златни јахти, скапоцени часовници и друг накит.
Многумина од нив купуваат и скапа облека за своите миленици, особено кучињата.
Некои дури за миленици имаат егзотични животни, како тигри и змии.