Пејачката Маја Беровиќ (34) влезе во деветтиот месец од бременоста и одбројува до породувањето.

Маја откако е бремена е многу активна на социјалните мрежи и често споделува фотографии од своето секојдневие со своите следбеници.

Таа сега сподели слика на која позира само во долна облека, а преку неа имаше црна кошула под која се гледаа нејзините голи гради.

Нејзиниот труднички стомак доаѓа до израз, а оваа објава предизвика лавина од коментари.

Инаку, Маја неодамна откри зошто баш сега сакала да стане мајка.

– Градев кариера, да се посветев на мајчинството немаше да можам да го работам тоа што го направив. Во принцип, го постигнав тоа што го сакав во животот. Сега се разбуди желбата да имам нешто што е дел од мене. Не треба да се форсира, туку да се чека вистинскиот момент, рече Маја и додаде како се чувствува.

– Се е исто, само малку сум повнимателна, не излегувам поради вирусот, внимавам што јадам, се друго е во ред. Пред малку еден шминкер ми рече „Мислев дека ќе бидеш нервозна“, а хормонот на среќата ми беше на максимално ниво – откри пејачката во шоуто Амиџи.

📸

📸