Мартина е уште една атрактивна девојка, која е доста позната на социјалните мрежи во Македонија во моментов. Имено, таа може да се пофали со 46 илјади следачи и не сме зачудени зошто. Таа студира право и ќе биде адвокатка.

Поразговаравме кратко со неа и ја прашавме за нејзините амбиции како инфлуенсерка во иднина. Кога ја прашавме како се справува со негативните коментари на социјалните мрежи, таа одговори: „На негативните коментари не им придавам значење, доколку некоја личност не е доволно сакана и почитувана, своите комплекси ги истура врз некој друг”.

Нејзин сон е да биде модел за некој светски познат бренд и како што вели: „Познавајќи се себе си, тоа не е недостижно”.

Мартина, ти посакуваме многу успеси во иднина!