Пејачот Никола Сариќ Сајко (35) стана познат во музичкиот натпревар „Операција Триумф“ и тогаш беше еден од најистакнатите учесници.

За време на натпреварот, се разгоре љубовта меѓу него и кореографката Милица Церовиќ, која секојдневно работеше со натпреварувачите на танцовите движења.

На почетокот ја криеја својата љубов, а подоцна ја открија, меѓутоа, многумина се сомневаа дека нивната љубов ќе преживее, бидејќи Милица е 10 години постара од него.

Двајцата се венчаа во 2018 година, прославија во ресторан, а Милица блескаше во венчаница со длабоко деколте.