Претставничките на Србија на Евровизија 2021, Ивана, Ксенија и Сања дефинитивно оставија голем впечаток кај евровизиската публика со својот енергичен настап, кој им го донесе 15-то место.

Нивниот изглед љубоморно го коментираа водителките во некои земји, нарекувајќи ги силиконски убавици, но тие предизвикуваа воздишки кај преостанатите евровизиски учесници.

Меѓутоа, една фотографија на црнокосата членка на групата „Хурикејн“, Сања Вучиќ, која воедно важи за најмоќниот вокал меѓу девојките, сосема ја шокира јавноста. Станува збор за фотографија снимена пред неколку години, пред да стане член на познатата женска група, поточно додека настапувала со бендот „Заа“.

Разликлата е очигледна, нели? Ова е Сања пред „ураганот“, се пошегуваа некои твитерџии.