Четвртото продолжение за Џон Вик, професионален убиец кој се вратил од пензија откако група насилници му го убиле кучето, последниот подарок од неговата покојна сопруга, ќе се појави во кината во 2023 година.
Секако, како и во првите три дела, во режија на Чад Стахелски, главната улога ја има Кијану Ривс. Секој од трите дела беше исполнет со акција, а првиот дел заработи речиси 90 милиони долари (трошокот за производство на филмот беше 20-30 милиони).
И во секој од трите дела Џон Вик поразува куп непријатели. Но, некои делови од филмот се реални. На пример, кога Вик го врти рачниот часовник наопаку пред акцијата. Тоа може да биде момент кој укажува дека во продукцијата размислувале и за деталите.
Вистинска дебата за тоа се разви на социјалната мрежа Редит. Некои пишуваа дека тоа било затоа што сакал да го заштити стаклото, други велат дека тоа го прават војници и специјалци, за да го гледаат времето или стоперката кога го држат оружјето, како и дека одразот (рефлексијата) од стаклото не ја открива нивната положба.