„Кажете ми само дали вака изгледа разговорот меѓу двајца што се мразат?!“
Боган Илиќ, попознат како Бака Прасе, на својот канал на Јутјуб објави видео во кое, низ солзи, ја открива содржината на пораките разменети со покојната јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ. Младата девојка со го одзела животот со предозирајќи се со антотепресиви и екстази по долгата борба што не можела да ја издржи.
Кога јавноста дозна за смртта на 21-годината девојка, многумина го обвинија Илиќ за тоа.
Тој беше и приведен по барање на Специјалното обвинителство за борба против ВТК, Вишото јавно обвинителство.
Имено, Бака Прасе е приведен врз основа на барање да се соберат потребните информации, односно разговори во врска со медиумските написи во кои се наведува дека една од причините за самоу биството на Кристина Ѓукиќ ака Кика (јутјуб-инфлуенсер) е тоа што Бака Прасе наводно ја прогонувал последните две години преку социјалните мрежи и ги поттикнувал и своите следбеници на истото злосторство.
Постои сомнеж дека Кристина Кика Ѓукиќ, јутјуберка која беше пронајдена мртва во стан во центарот на Белград, била жртва на сајбер-прогонтво од непознато лице, кое ги објавувало нејзините лични податоци на Интернет и ја демнело.
Сега Богдан ја објави преписката, во која се гледа дека бил во коректни односи со Кика, а на еден од скриншотите има и видео на кое се гледа дека Ѓукиќ била на инфузија и му вели дека не ѝ се живее и да не ја осудува поради тоа.
-Кажете ми само, дали ова изгледа на разговор меѓу двајца што се мразат или за нормална комуникација на двајца луѓе? Дали ова личи на некој што сака да му наштети некому? – заплака Богдан за време на своето видеообраќање, и додаде:
-И се видовме. Не сакав да објавам дека се смиривме бидејќи сакав да го објавам тоа видео за да се дознае дека сè е супер меѓу нас“, додаде тој.
Бака Прасе продолжи со раскажување на неговата страна од приказната:
„Бевме во драма пред 2 години, сите добиваат омраза кога се јавни личности, секогаш некој лошо ќе пишува. Секако дека беше лошо и добиваше повеќе хејт кога бевме во кавга и тоа траеше, но тоа заврши, таа помина преку тоа, заборави и продолжи да снима.
Сите велат дека 2 години трпела насилство заради мене. Ние се разделивме како пријатели. Вие не сте свесни колку ќе ви биде на сите глупаво, кога ќе се објави вистинската причина зошто еден живот е изгубен. Не, не беше интернет насилство.
Јас меѓу првите дознав бидејќи нејзините пријатели ми се јавија да ми кажат дека не сум виновен. Јас кога дознав … не знаете како ми беше мене. Нормално дека помислив зарем е можно да е заради тоа што јас го зборував.
Нејзините пријатели ми рекоа дека јавно ќе ме поддржат, а јас не сакав бидејќи не сакам некој да ги обвинува што се на моја страна. Вистинската причина ќе излезе на виделина, но јас нема да кажам, тоа не е моја работа да го кажам за да си го исперам името.
Тоа е одлука на нејзиното семејство, дали сакаат и кога сакаат да објават. Мртвите треба да имаат мир и почитување, кое вие не сакате да го дадете. Најлесно е да ме обвините.
Богдан објаснува дека по нивната расправија, тој ја побарал и требало време додека таа повторно стекне доверба во него, но наводно со текот на времето се зближиле и имале идеи за заеднички проекти.
„Бев среќен кога ја добив нејзината доверба, кога почнавме да зборуваме како пријатели и ми довери некои проблеми низ кои минуваше тогаш. Сакав да работиме заедно, да имаме емисија. Се видовме, не објавив дека се смиривме, бидејќи сакавме да направиме видео.“
Со солзи во очите, тој признава дека не му е лесно заради трагедијата, ниту пак за тоа што сите го нарекуваат убиец.
„Луѓето ми пишуваат дали сум среќен што ова сум го постигнал, мислите ли дека не ми е криво за сè? Мислите дека не се чувствувам делимично одговорен? Јас сум тој што ја прозиваше и фала Богу што нејзините пријатели ми се јавија и ми кажаа дека не сум јас виновен и ми набројаа со кои проблеми се соочувала, бидејќи имала свои демони со кои не можела да се избори. Но ова нема врска со интернет насилство.“
За крај, тој признава дека неговите постапки не биле правилни и вели дека се надева дека ќе се дознае вистинската причина.
„Не кажувам дека е добро тоа што јас го правев пред 2 години. Кои сме ние ако не грешиме? Немаат право да ме осудуваат. Јас неа ѝ се извинив, таа рече дека разбира и дека не ми замерува, дури ми се заблагодари, бидејќи благодарение на мене дознала кои ѝ се вистински пријатели.
Немам проблем некој да ме прозива, но не можам да се носам со тоа некој да ме нарекува убиец. Ќе се дознае причината за нејзиното самоу биство.“
Можеби вистинската причина ќе се обелодени, а можеби и нема. Можеби Богдан ја кажува вистината. Но, која и да е причината, тоа не значи дека интернет насилството е прифатливо. Сајбер-булингот остава последици врз жртвите, а секој различно се справува со нив.