Почина поранешната натпреварувачка на шоуто за таленти America’s Got Talent, Скилир Хикс (23).

Безживотното тело на младата музичарка е пронајдено во куќата на нејзината пријателка во Либерти, Јужна Каролина, пишува Дејли Мејл.

Причината и околностите за смртта се уште се нејасни. Тажната вест ја потврди нејзината мајка Џоди, која тврди дека не знае во чија куќа била пронајдена мртва нејзината ќерка.

– Таа сакаше да живее преку нејзината музика, рече нејзината мајка, која истакна дека нејзината ќерка се борела со депресија и зависност.

Да појасниме, Хикс настапи на шоуто за таленти во 2013 година и се претстави со пеење и свирење гитара. Кога членовите на жирито ја прашале кога почнала да пее, таа одговорила уште како бебе, а почнала да свири по смртта на нејзиниот татко.

Таа се претстави со песна што ја напишала за нејзиниот покоен татко и ја раскажала својата тажна приказна.