Александра Пријовиќ ја објави првата фотографија од својата ќерка, на која цврсто ја држи раката на својата наследничка.
„Животот ни даде сè. Ариа 3.09.2025“.
Членовите на семејството на Александра Пријовиќ синоќа организираа веселба по повод радосниот настан.

Атмосферата била повеќе од весела, а посебно радосна била мајката на Александра, Борка Михајловиќ, која емотивните моменти ги сподели со следбениците на Инстаграм.
Инаку и семејството на Филип Живојиновиќ е возбудено по раѓањето на Ариа.

Вчера се огласи и мајката на Филип Живојиновиќ, Зорица Накиќ, на својот Инстаграм, каде што ја сподели информацијата за бебето и откри дека тежи 3 килограми и долго е 51 сантиметар.

