Знаеме дека водата е најздравиот пијалак во светот и потребно е да внесуваме доволно вода во текот на целиот ден за да го задржиме здравјето. Меѓутоа, водата не е пијалакот што најмногу хидрира.

Нашето тело се состои од околу 60 проценти вода, која учествува во бројни процеси во телото. Затоа е важно редовно да ja внесувате и така да останете хидрирани. Поточно, се смета за најздрав и најдобар напиток за хидратација.

Според истражување од Универзитетот „Сент Ендрус“ во Шкотска, еден друг пијалак поефикасно го хидрира организмот. Станува збор за млекото, кое содржи елементи кои помагаат да се задржат течностите во телото.

Роналд Моган, автор на истражувањето, вели дека лактозата, протеините и мастите го забавуваат празнењето на течности од желудникот, а натриумот во млекото доведува до намалено производство на урина.

Секако, останува фактот дека водата е здрава и треба да се внесува во големи количини во текот на денот, па затоа, доколку не сте љубител на млеко, слободно продолжете со хидратација преку вода.