Тешките времиња бараат необични методи за привлекување малку повеќе пари. Па така, според Фенг Шуи верувањата, парите ќе почнат сами да ви доаѓаат ако споите метални парички и морска сол. Ова популарно верување се пренесува од генерација на генерација и се применува во многу домаќинства, пренесе Mysteries24.com.

Секој сака да има малку повеќе пари, па затоа едни работат на две-три работни места, други играат игри на среќа или посетуваат обложувалници. Нема човек што не би бил среќен ако од нигде-никаде му се појават пари: да паднат од небото, да ги најде на улица, да добие наследство од некој далечен роднина од Америка.

Според Фенг Шуи, ако ставите три метални парички во соларник со морска сол, парите ќе почнат да ви доаѓаат сами од сите страни. Пред да ги ставите монетите во соларникот, исчистете ги со алкохол колку да ги дезинфицирате и ставете ги на дното на соларникот, па наполнете го со морска сол.

Иако не сме сигурни дека ова навистина помага и ќе привлече пари, забавно е да пробате. Нема да ве чини ништо, дури и да не даде резултат.