Иван Тасовац (55), директор на Белградската филхармонија, почина вчера во својот дом во Белград околу 21 часот, откако одеднаш му се слошило.
Минатата година, тој на 8. Јануари го доби синот Лука со својата 19 години помлада партнерка Марија Борота. Тој веќе имаше син од претходниот брак.
Тасовац дипломирал пијано на Конзерваториумот „Петар Илич Чајковски“ во Москва, во класата на професорот Сергеј Дорењски. Тој беше директор на Белградската филхармонија од 23-ти март 2001-2013 година. На почетокот на 2014 г. на конкурсот за нов директор, беше едногласно избран за најдобар кандидат за оваа позиција.
На 12-годишна возраст Тасовац дебитираше со оркестарите на Белградската и Загребската филхармонија. Настапуваше како солист со оркестри во Италија, Швајцарија, Шпанија, Ирска, САД, Русија, Белгија. Беше член на жири на меѓународни конкурси, водеше мастер курсеви по пијано во Италија, Русија и поранешна Југославија.
Тасовац беше претседател на Советот за промоција на Србија. На крајот на август 2013 година, тој ја прифати поканата од премиерот Ивица Дачиќ да стане министер за култура.
Во април 2014 година, тој повторно беше назначен за министер за култура и информации. Тој ја извршуваше оваа функција до август 2016 година, кога беше избрана новата влада на Србија.
Негов татко беше познатиот српски актер, Предраг Тасовац.