Српската тениска судијка Маријана Вељовиќ некогаш беше позната како една од најубавите жени во светот на спортот, а сега изненади многу фанови со големата промена.
Вељовиќ се појави во телевизиско шоу со забележителни естетски корекции на лицето.
На прв поглед, тешко е да се препознае, бидејќи нејзиното лице е целосно променето.
Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, љубителите на тенисот веќе не се воодушевени од нејзиниот изглед.
Најголеми корекции доживеаја усните, јаболчниците и делот околу веѓите.