Јелена Карлеуша дефинитивно не може без скандал! Русокосата не е жива ако не ја шокира јавноста со некоја своја постапка, гест, фотографија, видео…

Овој пат пејачката сите ги остави во прашалници, со најновата објава споделена на социјалните мрежи.

Имено, како и сите современи жени и таа го негува своето тело. Козметиката и козметичките третмани за Карлеуша се „добро утро“, секојдневие без кое не почнува да ги прави останатите работи или извршува зададените обврски во денот!

Депилацијата како и на секоја жена, за Кралеуша е под број еден. Само што жените се депилираат од под пазуви до глуждови, а само Карлеуша си го депилира, она што ниту една друга не го депилира!?

Видовме каде се нема влакна по телото, како што за пејачката е оддамна познато дека е и „без влакна на јазикот“… Сега, тоа Карлеуша и дословно го покажа! Го посети центарот за депилација, па таму сними клипче и фотографии како ги „отклонува влакната на јазикот“!

„Добредојдовте… Еве како да немате влакна на јазикот“ – напишала таа, доближувајќи го апаратот за депилирање на нејзиниот јазик.

Со овој потег белградската „скандал дама“ многумина шокираше, но многумина и насмеа.