Марина Туцаковиќ почина на 67 -годишна возраст по долга борба со тешката болест.
Неколку дена пред нејзината смрт, нејзиниот син откри дека нкарциномот се проширил и метастазирал во нејзините бели дробови, црниот дроб, мозокот и коските.
Најпознатата српска текстопистка ги помина последните денови во КБЦ Драгиша Мишовиќ, каде што беше префрлена затоа што се разболе во вторникот, 14 септември, кога и ја ставија апарат за дишење, поради тоа што беше и позитивна на корона вирусот.
Марина остави зад себе бројни хитови, а најголемите музички sвезди имаа можност да соработуваат со неа.
Јелена Карлеуша се прости од Марина со емотивни зборови преку својот профил на Инстаграм.
– Маки моја … Барам зборови … Во овој посран живот полн со болка, страдање и тага, ти остави најубава трага … А за тоа претпоставувам дека вредеше да се живее … Ти благодарам за се – напиша Јелена.
Туцаковиќ ја почна кариерата на музички текстописец во 1980-ите преку соработката со групата „Зана“. Оттогаш, нејзините текстови придонесоа за успехот на многу естрадни ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Цеца, Северина, Оливер Мандиќ, Харис Џиновиќ, Жељко Самарџиќ и Неда Украден.
Туцаковиќ напиша и дел од хитовите на Тоше Проески, со кого ја почна соработката на албумот „Ако ме погледнеш во очи“ од 2002 година.