Ќерката на Вице Заев кој му е брат на премиерот Зоран Заев е вистинска убавица. Згодна црна девојка која е активна често на социјалните мрежи.
Многумина би рекле вистинска мачка. Таа е обожавател на животни а на Инстаграм вечерва сподели интересна фотка. Таа позира со нејзиното домашно милениче од видот на бушави мачки.
Имено, Внуката на Премиерот Зоран Заев, Ева Заева постојано истакнува дека во себе носи огромен моден потенцијал.
Таа веќе се остварува во улогата на моден дизајнер, а зад секоја објавена фотографија на социјалните мрежи добива низа позитивни коментари од оние кои ја поддржуваат во она што го работи, но и од оние кои се восхитуваат на нејзината убавина.
– Живееме во современо време во кое интересот кон модата станува се поголем, особено кај припадничките на понежниот пол.
Тоа време исполнето со разни електронски и печатени медиуми кои ја третираат модата во своите содржини, неминовно има влијание на раѓањето на таа љубов кон модните трендови, кај нас младите генерации. Јас сум само едно од многуте девојчиња во Македонија, Европа и светот, кои ја имаат и негуваат таа своја љубов кон модата, рече еднаш младата Заева.
Чинам дека не постои ниту едно девојче кое ја нема во себа таа љубов. Кај мене можеби таа е поизразена поради секојдневниот професионален ангажман на мојата мајка, која успешно раководи со една конфекција во Струмица.
Убавината и ја препишува на генетиката, односно на своите родители, а за нејзиниот талент говорат многуте креации во кои може да ја видиме.