Ѓорѓе Марјановиќ, легендарниот српски пејач, почина во текот на денот како последица на коронавирусот, пренесе „Блиц“.
Познатиот музичар бил поврзан за апарати за дишење, а лекарите се бореле за неговиот живот претходните денови.
Марјановиќ е меѓу најголемите ѕвезди во поранешна Југословија, чија кариера траеше повеќе од половина век.
Тој е првиот пејач кој имал официјални фан клубови во поранешна Југославија, и бил огромна sвезда во поранешниот Советски Сојуз.
Има бројни хитови, а „Лазарела“, „Романа“, и „Моје лудо срце“ се само некои од нив …