Ракометниот свет во Македонија утринава го потресе веста за ненадејната смрт на поранешниот репрезентативец Александар Јовиќ.

Тој почина на денот кога Македонија го отвора настапот на СП 2025 против Унгарија, па нашите ракометари ќе имаат црни ленти на дресовите во чест на легендарниот репрезентативец и тренер.

Јовиќ беше дел од најголемите успеси на националниот тим на ЕП 2012 и претходно на СП 2009 кога Македонија се врати на големите натпреварувања.

Избраниците на Кирил Лазаров денеска се соочуват со фаворизираната Унгарија, а во групата се уште Холандија и Гвинеја.