61-годишниот Марк Брајан, инженер по роботика и оженет татко на три деца, стана хит на социјалните мрежи поради неговиот необичен моден избор.

Марк сака да носи здолништа и штикли. Пред четири години почнал радикално да ја менува својата гардероба, па сега штиклите, здолништата и чизмите до глужд се секојдневие од неговите модни комбинации.

Преферира здолништа од фустани бидејќи, како што вели за BrightSide, здолништата му дозволуваат да комбинира повеќе парчиња – може да биде „мажествено“ облечен над половината, а родово неутрален под половината. Кога првпат разговарал со децата за својата облека, се обидел да им објасни дека нема ништо сексуално во неговиот начин на облекување и дека не се работи за тоа што нивниот татко е геј, вели тој.

И децата и сопругата го поддржуваат, а сопругата му помага да смисли комбинации.

Наидувал на негативни коментари и комбинации, но не обрнува внимание на тоа.

„Ако луѓето почнат да ме прашуваат за сексуалноста, јас ги прашувам дали би биле заинтересирани доколку носам панталони“, вели овој препознатлив татко кој на Инстаграм го следат над 600.000 луѓе.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸