Откако Богдан Срејовиќ е во врска со најголемата фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ се следи секој негов чекор и објава на социјалните мрежи.

Последните фотографии на Инстаграм привлекоа посебно внимание.

Имено, осум години помладото момче на Цеца, објави фотографија на која позира во маица без ракави, па неговите мускули се во прв план.

Ражнатовиќ не остана рамнодушна да не реагира на објавата, па веднаш стави лајк.

Неговите следбеници под фотографијата напишаа коментари полни со пофални зборови.