Триесет и осумгодишниот турски актер Фејаз Думан е главниот лик од хит серијата Лузни (Baraj) која во Македонија се емитува секоја вечер од работната недела на Канал 5 телевизија.

Во споменатата серија, Фејаз го глуми ликот на мајсторот Назим Ѓунеј, кој е вљубен во младата девојка Нехир Аксу (Biran Damla Yilmaz), откако двајцата се одлучуваат да се запознаат по неколку месечно допишување.

Заплетот во серијата почнува кога Назим наместо своја фотографија, на Нехир ќе и испрати слика од младото момче Тарик. Причината за тоа е што Назим се срами од огромната лузна на своето лице и смета дека нема да и се допадне на убавата Нехир.

Сепак, работите не одат како што очекува главниот јунак, па ситуацијата се заплеткува, Нехир мисли дека младото момче е човекот со кој се допишувала со месеци и за кого го оставила својот живот за да биде со Назим.

По неколку епизоди, главната актерка ја дознава вистината и сепак го прифаќа Назим и покрај огромната лузна на лицето.

Инаку, 38 годишниот Фејаз Думан веќе 20 години е на турската сцена со забележителни улоги во неколку серии. Од следниве фотографии можете да видите како тој изгледа во реалноста, без лузните на лицето.