Земјотрес со јачина од 4.3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Јадранското море кај албанскиот брег, недалеку од вториот по големина град во Албанија, јавува EMSC.

Епицентарот на земјотресот бил на само 2 километри од вториот по големина град во Албанија, Драч, и 30 километри од главниот град Тирана.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.