Страшна сообраќајна несреќа се случила попладнево на автопатот Штип – Скопје, пред селото Коњари.
Станува збор за возило кое е превртено на патот. Се уште трае полицискиот увид, а очевидци велат дека повредени а потенцијално и починати се повеќе лица кои биле во возилото, објави Сител телевизија.


Од МВР велат дека детали за оваа сообраќајна незгода ќе соопштат по завршувањето на полицискиот увид.


Засега, полицијата е се уште на терен и работи на расчистување на околностите кои довеле до случувањето на оваа сообраќајна незгода.
ФОТО: Сител телевизија