Туба Бујукустун е една од најпознатите турски актерки на денешницата, која се прослави со улогата на Аси во истоимената серија.
Пред десет години, Туба Бујукустун (38) медиумите и критичарите ја нарекуваа кралица на турските серии, но пред три години и беше даден епитетот кралица на скандалите.
– Актерството е прекрасна, но и многу тешка работа. Мора да имате некој што постојано ќе ве охрабрува, ќе ве турка напред. Без соодветна поддршка, тешко е да успеете. Тука се и психолошките последици, тоа го гледам кај многу колеги, можат да биде фатални, рече турската актерка во едно интервју.
„Њујорк Тајмс“ ја рангираше меѓу 100-те најсексапилни жени во светот, нејзиното враќање на екраните по тригодишна пауза од актерството и низа скандали се случи во серијата „Ќерката на амбасадорот“, која во Македонија се емитуваше на Канал 5 телевизiја.
– Моето детство беше обично и среќно. Беше нормално. Јас сум единствената ќерка и единствената жена во семејството, затоа сум скапоцена за сите. Како девојка сакав да бидам инженер, а се школував за уметнички директор. Наеднаш потоа сакав да станам докторка, а потоа и актерка. Не знам како се случи тоа. Мислам дека е судбина. Почнав да глумам, а две години подоцна решив дека тоа ќе биде клучно во мојот живот, вели Туба.
Иако до пред три години беше една од омилените турски актерки, денес за неа најчесто се пишува во контекст на скандали.
– Животот не е само убави моменти, животот не е исполнет исклучиво со успеси и победи, туку со порази и грешки. Ме растажува кога ќе слушнам зошто луѓето ме осудуваат и ме мразат, рече еднаш Туба, осврнувајќи се на негативните коментари со кои се занимаваше во последниве години. Во дел од коментарите Туба ја нарекуваат арогантна и вообразена.
Нејзината слика беше совршена сè до моментот кога се омажи за нејзиниот актерски колега Онур Сајлак. Тие се запознаа на снимањето на серијата „Аси“. Во тоа време, беше објавено дека таа го оставила својот поранешен свршеник Сами Саидан, токму поради Онур.
– Тој е единствениот човек кој прави да се чувствувам добро, не ми требаат зборови, само го гледам во очи и чувствувам дека сè е во ред. Поради него, се ослободив од напнатоста и стресот, рекла Туба, но признала и дека романсата меѓу нив не поминала многу лесно.
– Бевме пријатели четири или пет години, потоа станавме љубовници, живеевме заедно два месеци, но тој не ме убеди во бракот, тоа едноставно се случи. Онур ме познава многу добро и знаеше дека треба брзо да се венчаме, бидејќи ако врската потраеше, никогаш не би се венчале. Имав страв од брак затоа што многу луѓе поради бракот се откажаа од себе, изјави актерката која се омажи во Париз во 2011 година, а една година подоцна добија близначки, сега деветгодишните Маја и Топрак.
– Сакам да минувам време со моите ќерки. Во првите седум месеци по нивното раѓање, само јас и сопругот се грижевме за нив. Онур е прекрасен татко кој постојано се грижи за нив, рече Туба, за коja породувањето беше трауматско искуство. Во деветтиот месец од бременоста паднала во кома, а поради неприродната положба на едно од бебињата се породила со царски рез.
– Никој не ми зборуваше за породувањето. Нема да верувате, но за време на мојата бременост ме смири филмот „Junior“ во кој Арнолд Шварценегер глуми бремен маж. Кога го гледав филмот, си реков: „Моите чувства се нормални. Мене ми олесни фактот дека човекот во филмот е бремен“, рекле актерката и мајка на близначките.