Познатиот македонски музичар Денис Шавлев, долгогодишен член на престижниот српски состав „Energy Bend“ се најде во проблеми.
Тој сподели на социјалните мрежи дека неговиот автомобил денес бил на мета на ајдуци и притоа замоли:
-Денес на Чурлиски мост 16:30 часот ми е извршена кражба во автомобилот !!Приjатели да ве замолам од срце’ Алал се’ пари што сте земале.
Ако малку имате човечност и се плашите од Аллах Ве молам Пасошот да го вратете треба да заминам на пат ! Се надевам остана уште човечност…

