Поранешната учесничка во реалните шоуа и поранешна членка на групата „Моделс“, Драгана Митар, имала осум операции на носот, за кои самата проговори.
Сега сподели фотографии од зимскиот одмор, а мрежите гореа поради нејзиниот изглед.

Драгана Митар моментално престојува кај својот избраник на Копаоник, каде објави фотографија во тренерка, а многумина коментираа дека таа повеќе не изгледа како личноста што беше кога првпат се појави во јавност.
„Што е ова? Жената повеќе нема нос…“ напиша еден корисник на Твитер.

– По осми пат ми го оперираа носот! Последната интервенција ја имав во октомври и после тоа добив инфекција. Лекарите ја лекуваа долго време, но поради тоа, ткивото на едно место чудно заздрави. Всушност, имав мала вдлабнатина на носот, која сакав да ја поправам, па морав повторно да одам под нож, изјави Драгана неодамна.


