Американката Наташа Смит која имала врска на далечина со Џеред Квинс кој студирал во Остин, тврди дека Исус Христос е таткото на нејзиното неродено дете.
Според нејзините зборови, излегла една вечер и пиела виски кога и пришол ангел пред клубот во септември минатата година. Тој со допир ја оплодил и и објаснил дека таа е одбрана да го носи детето на Исус Христос.
„Ми рече дека има порака за мене од Исус и на еврејски ми рече „estas muy rica” – изјави Смит.
Сите во нејзиното семејство ја поддржале од денот кога им рекла дека е трудна. Меѓутоа, нејзиното момче Џеред Квинс не верува во нејзината приказна и тврди дека последен пат имале сексуален однос пред 4 месеци, кога го посетил семејството во Џорџија и тогаш раскинал со Наташа, тврдејќи дека знае кој е Исус, а неговото вистинско име е Исус Лопез!
Докторот Вилијам Френклин Марфи, кој ја следи бременоста на тинејџерката, соопшти дека е свесен за нејзината верзија, но не може ниту да ја потврди, ниту да ја побие.