Лекар од Флорида, кој почина од последиците од корона вирусот во јануари, му остави на своето семејство богатство во картички на бејзбол играчи, вредно неверојатни 20 милиони долари.

Д-р Томас Њуман бил посветен на собирање карти за бејзбол, фудбал и хокеј играчи повеќе од четири децении. Неговата колекција наскоро ќе се најде на аукција, а очигледно ќе бидат згрижени неговите правнуци.

Повеќе од 1.000 картички ќе бидат продадени на аукцијата, а некои се направени уште во 1880 година.

– Во колекцијата има сликичка од Бејб Рут од 1933 година и таа е една од најпознатите картички. Очекуваме да го сруши рекордот од 5,2 милиони, изјави претставникот на куќата што ќе ја предводи аукцијата.

Колекцијата вклучува и топка потпишана од Рут, како и картичка на Мики Мантил, за која се верува дека достигнува цена од околу еден милион долари.

„Никој не уживаше да собира картички повеќе од мојот Том“, рече вдовицата Ненси Њуман.

Таа вели дека нејзиниот покоен сопруг ги нарекол овие картички како „бебиња од хартија“.

– Секој ден тој беше посветен на некој начин на својата колекција. Тој би се согласил да продаде картичка само ако ја најде истата, но повредна, вели вдовицата.